Водечки фигури од германската политика ја повикуваат Велика Британија да остане во Европската унија.
Тие упатија писмо објавено во Тајмс и потпишано од 31 човек меѓу кои и новиот лидер на Христијанско-демократската унија Анегрет Крамп-Каренбауер и поранешниот голман на Арсенал, Јенс Леман.
Основен акцент во писмото е Велика Британија по војната. Споменати се улогата на Лондон во моментот, повоените пабови и пантомимата, заради кои тие ги повикуваат Британците да останат во Унијата.
– Без вашата голема нација, овој континент немаше да биде истиот. По ужасите од Втората светска војна, Британците не се откажаа. Ја прифатија Германија назад како суверена нација и европска сила, се нагласува во писмото.
Тие наведуваат дека „го почитуваат изборот“ на Британците кои сакаат да ја напуштат ЕУ, и ако државата го направи тоа, „се уште ќе има пријатели во Германија и во Европа“.
– Нашата врата секогаш ќе биде отворена, нагласуваат потписниците во писмото.