ВМРО-ОКГ одбива да го усвои предлог законот со кој се забранува двојно државјанство за пратеници, членови на Влада и претставници на извршната власт, истакна на денешната прес – конференција членот на Извршен одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, што МИА ја пренесува интегрално.

Зошто?

Затоа што половина од нив веќе има бугарски пасоши.

Министри, градоначалници, пратеници, директори на јавни претпријатија од ВМРО-ОКГ, сите тие се обезбедиле со бугарско државјанство.

Додека јавно блокираат европските процеси и се претставуваат како „бранители на македонскиот идентитет“, приватно си ги обезбедиле пасошите за себе и за своите семејства.

Нивниот „нов пристап“ кон ЕУ е едноставен: Земи бугарски пасош за најблиските и еве ти Европа.

Додека шират пропаганда и лажниот патриотизам, земјата ја водат луѓе со бугарски пасоши.

Црна Гора е следна во процесот на ЕУ интеграции, договор се подготвува за 2028 година.

Албанија е следна на листата за 2030 година.

Македонија никој повеќе не ја споменува.

Од Македонија прават слепо црево на Балканот и црна точка на Европа.

Затоа младите гледаат само како да побегнат од земјата.

После оваа ненародна власт, во Македонија може да не остане никој – ни камен на камен.

СДСМ јасно бара: законот мора да важи веднаш, за сите – за актуелните пратеници, министри и владини функционери. Без исклучок.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

СДСМ