Веќе неколку дена на брегот на Охридското Езеро, на албанска страна кај Подградец, е забележано присуство на голем број риби од видот клен, односно од фамилијата на крапот, објави албанската локална телевизија Televizioni SOT7.

Според експертите, овој феномен е резултат на мерките преземени во последните три години од страна на надлежните органи, со кои се обезбедени подобри услови за размножување на овој вид риба.

Надлежните апелираат за почитување на риболовните правила со цел заштита на водното богатство. Според најавите, ваквиот феномен се очекува да продолжи и во наредните денови, информира Televizioni SOT7.

Слични мерки треба да се преземат и од македонска страна, како од надлежните институции, така и од риболовние друштва се со цел што е можно поголемо размножување на водениот свет.

Неопходни се поголеми контроли, па и построги санкции кон сите оние кои се користат со злоупотреби.