На СДСМ, која 7 години на власт ја распродаваше Македонија, сега и стана претесно во нејзината опозициска кожа, па откачи до крај со недоличен речник кој не одговара и на стандардите на највесели и напиени кооперациски љубители на струмичка мастика, жолта кавадаречка или неготинско вино.
Но, тие сами за себе зборуваат најмногу во нивното соопштение кое во продолжение го пренесуваме интегрално:
Христијан Мицкоски повторно покажа каков е, безобразен уличар, шеф на криминална организација. Наместо да зборува за проблемите на граѓаните, тој излегува со ниски, уличарски провокации и „загриженост“ за здравствената состојба на дел од раководството на СДСМ. Ние не сме загрижени за неговото здравје. Ние сме загрижени за здравјето на државата кое тој и неговата банда систематски го уништуваат.
Мицкоски е човекот кој граѓаните ги нарекува „талог на општеството“, „медиокритети“ и „мочуриште“.
Ова е речник на уличар која од функцијата претседател на Влада се однесува како шеф на мафија, безобразно, примитивно.
Доста е повеќе од неговите ниски провокации и лични напади. Срамота е за еден премиер да се однесува вака, но од предводник на криминална организација и се очекува да биде токму таков, без срам и без граници.
Мицкоски нека се грижи за својата совест, ако воопшто ја има.
Граѓаните јасно гледаат кој е вистинскиот проблем во оваа држава.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: архива




