Судот ги завршил и ги доставил сите потребни документи за екстрадиција на осудениот криминалец Никола Груевски, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално.

Сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот од ЗНАМ, дел од тендер коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија.

Нема никаква причина да се чека нова влада.

Институциите мора да работат и да постапат веднаш.

Мицкоски и неговата влада свесно го штитат Груевски и му даваат време да побегне во трета држава.

Ова не е административна грешка туку свесна заштита на криминалецот од страна на шефот на криминалната организација ВМРО-ОКГ.

Граѓаните заслужуваат јасен одговор:

Зошто Мицкоски не го бара Груевски?

Зошто документите се заглавени во Министерството за правда?

Доаѓа времето на вистината!

СДСМ