Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по денешната победа над Кристал Палас во натпреварот од 23. рунда во Премиер лигата (4:3), рече дека неговиот тим направил огромен резултат, освојувајќи 60 бода. Тој исто така додаде дека е горд на неговите фудбалери.
Резултатот е огромен, имаме 60 бода. Ова е лудо, ова е важен број, вели Клоп за Би-Би-Си. – Навистина сум горд на тимот. До следниот натпревар имаме неколку дена и треба да го искористиме овој пат за да закрепнеме, изјави германскиот стручњак и предводник на Ливерпул.

„Црвените“ водат на табелата со 60 бода, седум повеќе од Манчестер сити кој има и натпревар помалку.