Изминатите денови интензивно се работеше на регионалниот пат Велес–Чашка, каде што Јавно претпријатие за државни патишта во соработка со Македонија Пат – Подружница Велес постави порамнителен асфалтен слој.

Информацијата попладнево ја соопшти градоначалникот на Велес, Марко Колев, кој истакна дека со градежните зафати значително ќе се подобри патната комуникација помеѓу општините Велес и Чашка.

Тој најави дека во наредниот период ќе продолжат градежните активности и на патните правци во останатите населени места во Општина Велес.