ДУИ е распадната партија. Не може да се опорави од казната што Албанците ѝ ја испорачаа на избори. Затоа сега го прави истото што го правела секогаш кога ѝ гори под нозе. Го фрла каменот, па ја крие раката. По 20 години власт врз грбот на Албанците, со истите вечни фотелјаши на чело, оваа партија сега ги засука ракавите како очајна по власт. Како лицемери што се, заедно со неколку „студенти“ вовлечени во нивната валкана политичка игра, се обидуваат студентските транспаренти да ги користат како мамка за враќање на власт, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА го пренесува интегрално.
Бујар Османи, Арбер Адеми, Блерим Беџети и целата нивна тајфа немаат гајле за студентите. Немаат гајле ни за албанскиот јазик. Гајле им е само за себе, за власт, привилегии и пропаднати кариери. Затоа ги манипулираат студентите и ги користат како алатка за повторно да се дограбат до власт.
Правосудниот испит никогаш не се полагал на албански јазик, а тоа и самите го признаваат. Тогаш зошто не го решија кога имаа сè во свои раце? Зошто не го направија тоа кога имаа министри, пратеници, технички премиер, претседател на Собранието, директори и апсолутна власт? Затоа што не ги интересираше. Затоа што живееја во друг филм, во свет на луксуз, арамилак и агалук врз грбот на Албанците.
Ние јасно кажавме дека правосудниот испит на албански јазик, како и многу други прашања што ДУИ ги остави на пола пат, ќе ги решиме. Како што со закон го решивме прашањето на медресантите, кои тие со години ги лажеа, така ќе ги решиме и другите прашања што ДУИ ги користеше само за пропаганда.
Затоа ги повикуваме искрените студенти да не дозволат да бидат топовско месо за Бујар Османи, Арбер Адеми, Блерим Беџети, Фатмир Бесими, Талат Џафери и една шака луѓе што не можат да живеат без политички агалук.
Албанците ја дадоа својата пресуда на избори. На ДУИ времето ѝ истече.
„Вреди“
Фото: архива




