Ерик БЕРГ, кирпорактичар

Најдоброто вежбање за рамен стомак не се стомачните вежби, ниту планк. Најдоброто вежбање за рамен стомак воопшто не ги таргетира директно стомачните мускули. И штом го разберете ова, ќе избегнете да трошите многу дополнително време во вежбална правејќи бескрајни стомачни, затоа што повеќето од нив речиси и немаат ефект.

80% од губењето маснотии, особено во пределот на стомакот, доаѓа од исхраната, а само 15% од вежбањето. Тоа значи дека не можете само со вежбање да го намалите стомакот.

Најважното нешто што треба да го знаете за согорување масти е дека одредени хормони мора да се одржуваат на ниско ниво, особено инсулинот. Бидејќи штом инсулинот се зголеми, согорувањето масти значително се намалува.

А најдобриот начин да се намали инсулинот и да се согоруваат маснотии во пределот на стомакот е едноставна активност: пешачење во состојба на постење. Тоа значи дека треба да практикувате постење, затоа што кога пешачите на празен стомак, не само што го подобрувате нивото на инсулин, туку истовремено ги користите и складираните масти како извор на енергија, па ќе забележите поголемо слабеење, особено околу стомакот.