Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Денеска, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), локално во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер (над 50 km/h).

Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Охрид, а најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени четири степени. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, најтопло утрово било во Велес каде се измерени 14 степени во 8 часот.

Фото: архива