Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Ѓ. (39) и Г.Н. (42), двајцата од Гостивар, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 ноември 2025 година, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин.

Во текот на истрагата било утврдено дека наркотичната супстанца претходно ја набавил од првопријавениот.

По целосното документирање на случајот, против двајцата е поднесена соодветна кривична пријава.