Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со години ја понижува Мaкедонија и дава простор на официјална Софија да продолжи со негирањето на македонскиот јазик и историја, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално.
Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филипче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива.
За Филипче и СДС не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту пак имаат проблем со бришењето на националните обележја, само за да добијат по некој аплауз од надвор и да дојдат до власт.
СДС со години лажеа дека секоја нова отстапка на Мaкедонија е „последниот чекор“ кон Европската Унија. Прво беше промената на знамето. Потоа промената на Уставот. Па промената на името. Денес СДС и Филипче повторно бараат нови уставни измени и повторно убедуваат дека тоа е „последната пречка“.
Граѓаните гледаат и знаат дека секоја отстапка раѓа нова уцена, а секое попуштање отвора нов удар врз македонскиот идентитет.
Сите досегашни отстапки кои државата ги има направено се од СДС, само поради лични лукративни цели на тесен круг од СДС.
Македонскиот народ нема да дозволи нови понижувања, нови бланко договори и ново распродавање на идентитетот. Државните и националните интереси мора да бидат над политичките калкулации на СДС и нивното криминално наследство.
Македонија заслужува лидери кои ќе ја бранат државата, а не политичари кои за власт и личен спас се подготвени да ја турнат во амбис.
ВМРО-ДПМНЕ




