Северна Кореја денеска лансирала неидентификуван проектил од западниот брег на земјата, соопшти јужнокорејската армија.

Последното слично лансирање се случи на 19 април, кога Северна Кореја изврши проба на неколку ракети со краток дострел што државните медиуми го опишаа како демонстрација на касетни бомби.

Лансирањето се случува неколку часа откако на владина седница јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг повика на засилување на напорите за модернизација на армијата.

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, продолжува со проширување на нуклеарниот и ракетниот арсенал на земјата откако беа прекинати преговорите со САД во 2019 година.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќепати изрази желба за обновување на разговорите со Ким, но Пјонгјанг досега ги игнорира таквите иницијативи и бара Вашингтон да се откаже од барањата за целосна денуклеаризација како предуслов за преговори.