Претседателот на СДСМ Венко Филипче испрати честитка до верниците од исламска вероисповед по повод верскиот празник Курбан Бајрам.

-На сите верници од исламска вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам. Курбан Бајрам е симбол на човечноста, пожртвуваноста и грижа за сите. Овој голем празник нè потсетува дека вистинските вредности се во солидарноста, подадената рака и подготвеноста секому да се помогне. Во духот на празникот, да покажеме разбирање, почит и повеќе грижа едни за други. Да не заборавиме дека силата на едно општество се мери токму преку тоа колку сме обединети, хумани и подготвени заеднички да ги надминуваме предизвиците. Нека празничните денови донесат духовен мир, здравје, радост и благосостојба во секој дом. Нека е честит и благословен Курбан Бајрам! – се посочува во честитката на претседателот на СДСМ Филипче.