Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези.

Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези.

-По несреќата, малолетникот бил пренесен во општата болница Куманово каде  лекар констатирал  смрт. Во 21:20 часот во полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода-наведуваат од кумановската полиција.

Јавен обвинител од основното јавно обвинителство (ОЈО) и увидна екипа од СВР Куманово извршиле увид.

Фото: Архива