Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Тиват, пред Самитот на ЕУ, ја истакна важноста на мирот, стабилноста и соработката за секој понатамошен напредок, како и важноста на зачувувањето на кредибилна политика на проширување и јасна европска перспектива за земјите од Западен Балкан.

На средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателот на Франција, Емануел Макрон и канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, Вучиќ нагласи дека Србија ќе ги исполни сите препораки на Венецијанската комисија, во согласност со европските стандарди.

На средбата, тој зборуваше за активностите што Србија ги спроведува со цел да ги исполни своите обврски од процесот на пристапување, вклучувајќи ги реформите во областа на владеењето на правото, изборното законодавство и спроведувањето на препораките на релевантните европски институции, беше објавено на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.