Либанската милитантна група Хезболах ги повика либанските власти да ги подобрат односите со Иран и да ја искористат поддршката од Техеран.

„Ги повикуваме либанските власти да ја искористат достапната можност и да го корегираат својот официјален однос со Исламската Република на начин што ќе им служи на интересите на двете земји“, се наведува во соопштението на Хезболах, објавува „Тајмс оф Израел“.

Минатата недела претседателот и премиерот на Либан упатија силни повици до Техеран да престане да се меша во работите на нивната земја, откако Хезболах го отфрли условното примирје со Израел.

Иран инсистира дека завршувањето на поширокиот конфликт на Блискиот Исток мора да вклучува прекин на огнот во Либан, додека предупредува дека ќе ги продолжи нападите врз Израел ако израелската војска продолжи да го напаѓа Либан.