Општинската организација на СДСМ во Свети Николе застана во одбрана на својот бивш лидер, Зоран Заев.

Тие очекувале нивниот „другар Заев“ да се слика на интерконтинентален крузер на Кариби, Хаваи или Панама, а не на мало јахтиче кое вреди „само“ неколку стотици илјади евра.

„Семејството Заеви преку 35 години има семејни бизниси кои се домашно и извозно ориентитани. Само претходната година, според завршните сметки компаниите на семејството Заеви имаат платено во државниот буџет данок на добивка од околу 10 милиони евра. На ова ако се додаде ДДВ, персонален данок, придонеси за вработени излегува дека компаниите плаќаат во фондовите и државниот буџет најмалклу околу 50 милиони евра годишно. Деловните односи фирмите ги имаат и внатре во државата, но претежно со извоз на производи кои се произведени во Македонија“, пишуваат другарите на Заев од СДСМ Свети Николе.

Тие тврдат дека нема држава во светот каде што ги нема овие македонски прозводи од преработени земјоделски производи.

„Уплатените средства од овие фирми, како и од сите други, нормално се трошат за плати на администрацијата која е 90 отсто составена од членови на ДПМНЕ, за патни трошоци, паушали, манго и папаја, правење прослави и журки, изнајмување авиони, исплати за паразити во Лотарија, подмитување на новинари, тендери, членување во управни и надзорни и друго“, наведуваат ветиниколските другари на Заев.

И во одбраната на „ликот и делата на другарот Заев“ додаваат:

„Ако се земе предвид колкави сопствени приходи и профити се прават само за една година во компаниите на Заеви очекувањата се да го видиме другарот Заев на интерконтинентален крузер на Кариби, Хаваи или Панама, а не да ги нервира вмороните со вакво јахтиче во Пефкохори“, завршуваат со одбраната на Заев од светиниколски СДСМ.

Линк до објавата на СДСМ СВети Николе: https://www.facebook.com/photo?fbid=1433151708847750&set=a.295065789323020