Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (8 јули 2026 година) во 12:10 часот ќе ја пречека еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.
Предвидена е тет-а-тет средба меѓу премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што ќе се одржи билатерална средба со владини претставници.
Во 13:20 часот е закажана заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, на која ќе бидат изнесени информации за темите на разговорите и идната соработка, информираат од прес службата на Владата.




