Работите за реконструкција на улицата „Ферид Мурат“ се одвиваат согласно предвидената динамика. По завршувањето на асфалтирањето на едната страна од пешачките патеки, во тек се подготовките за асфалтирање на велосипедските патеки и пешачките површини на другата страна од улицата.

Завршувањето на оваа фаза од работите се очекува до крајот на неделата, а активностите се реализираат за време на летниот распуст со цел да се намали влијанието врз секојдневниот сообраќај.

Проектот се реализира со поддршка на Светска банка и е дел од инвестициите на Општина Чаир за модернизација на патната инфраструктура и подобрување на условите за движење на пешаците, велосипедистите и возилата.