Следната година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, којшто според сегашната динамика ќе биде целосно готов во 2028-ма, а работиме и на железничко поврзување Скопје со Албанија, како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
– Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар. Тоа е автопат кој го почна оваа Влада, решени се сите прашања поврзани со експропријација, сега се решаваат работите кои се поврзани со дислокација на водови. исто така, не сакаме да го птсечеме населението од дната или другата страна на автопатот и затоа паралленпо се работат натпатниците, односно мостовите и дополку продолжиме со оваа динамика веќе следната година ќе ги видиме првите завршени километри, а до крајот на 2028 година целосно ќе биде завршен автопатот од Тетово до Гостивар и тоа е нешто на што сум особено горд, изјави Николоски, при посетата на општина Тетово.
Тој информира дека заедно со Европската унија во рамки на Планот за раст веќе интензиво се работи на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза, со Кичево во втора, а во трета фаза со Охрид, Струга и Република Албанија.
– Мојата идеја и еден вид на сон да направиме меѓуградски возови, нешто што многу ќе го растовари сообраќајот, ќе ја намали гужвата и загадувањето. Интензивно се работи тој проект и се надевам дека веќе следна година ќе можеме да ги видиме првите конкретни работи и за неколку години да може за половина час да се оди од центар на Тетово до центар на Скопје со едно пријатно возење, рече Николоски, посочувајќи дека овие активности ќе бидат продлжение на прокетот „Градски воз“ во рамки на Скопје.




