Времето претстојниот викенд ќе биде сончево и топло, а во недела во попладневните часови можни се дожд и грмежи, покажуваат прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи.
За утре најавено е сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, исто така, сончево време со мала облачност. Се очекува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Според синоптичарите, во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 10 до 21, а максималната меѓу 29 и 37 Целзиусови степени.
Високи температури се очекуваат и на 13 и 14 јули, кога според прогнозите, максималната температура ќе достигне и до 36 и 38 Целзиусови степени.
Фото: архива




