Од првиот ден, постапките на амбасадорот Мејдани оставаат впечаток дека неговиот ангажман бил повеќе во функција на враќање на ДУИ на власт, отколку на зачувување на улогата што му припаѓа на еден дипломат, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката на ВРЕДИ Саранда Имери Стафаи во однос на однесувањето на албанскиот амбасадор во Македонија Денион Мејдани.
-Колку и механизми да се користат и колку и сценарија да се креираат, едно е јасно: времето на старата политика заврши. No pasaran! (Нема да поминат!)
Ако некој има обвинувања, нека ги објави јавно со факти, датуми, докази и пред надлежните институции. НЕМА!
ЗАТОА ШТО НЕ СЕ СЛУЧИЛЕ!
Кој го отру кучето? Кој ти го скрши станот? Излези на мегдан и кажи.
Но не, ти избра со организаторите на протестите да уживаш во Јале.
Не успеа!
П.С: И уште нешто. Не давам ни пет пари за оној што ме напаѓа. Мојот имунитет е силен, пишува во својата објава Имери Стафаи.




