Македонскиот шампион Вардар оствари победа од 3:2 по продолжение во реванш дуелот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите и поразот во Скопје од 0:2 се покажа решавачки бидејќи вкупниот резултат е 4:3 за финскиот првак КуПС.
По изедначеното прво полувреме во кое двете екипи имаа шанси за гол, Вардар поведе во 59. минута со голот на Азер Омерагиќ. За продолжение „црвено-црните“ се изборија со голот од пенал на Горан Захариќ во 90+1 минута откако судијата Метју Мек Дермид од Шкотска ја прегледуваше ВАР снимката по фаулот над Герсон Родригес.
Во продолженијата беа постигнати три голови. КуПс намали на 1:2 во 100. минута со голот на Боб Ни Армах, но Вардар повторно стигна до позитива од два гола – 3:1 преку Јан Пулеио две минути подоцна. Финскиот шампион го намали водството на Вардар по ударот од белата точка што го реализираше Пјотр Паржишек во 105+1. минута.
Вардар натпреварите ги продолжува во второто квалификациско коло од УЕФА конференциската лига со поразениот од дуелот Арарат – Рига.




