Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, по истиот рецепет: фирми блиски до власта пумпаат пари на народот преку милионски договори и тендерски шеми, истакна на прес – конференција Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во долгови, не можат да исплатат плати, јавниот превоз е катастрофа, цветаат бизнисите на „Маратон гроуп“ блиска до влста.

Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1.5 милиони евра народни пари! За само две години.

Сите од Државна лотарија и Државна видеолотарија, договори за надворешно и внатрешно рекламирање на автобусите на ЈСП Скопје.

Нема нови еколошки автобуси за скопјани ама има 1,5 милион евра за омилените фирми блиски до власта.

ЈСП тоне и нема пари за нафта, резервни делови и плати, ама за приватната фирма „Маратон“ со само 11 вработени има пари.

Затоа во 2025 година остварила чист нето профит од над 700.000 евра!

Само на скопјани нема кој ништо да им обезбеди и нема кој да им плати.

Но, внимавајте сега, тука не завршува скандалот.

АКТ откри дека и бизнис партнерите на сопственикот на „Маратон“, Љупчо Костовски, исто така добиваат тендери и илјадни евра народни пари од оваа власт.

Погодувате, шемата е иста, мрежа на фирми кои се меѓусебно поврзани.

Поранешен соосновач во фирма со Костовски, Ристо Петков, е сопственик на компанијата „С.И.А. МЕДИА ДООЕЛ Скопје“.

Со доаѓањето на ВМРО на власт, и оваа поврзана фирма има склучено договори вредни 458.875,00 евра.

„Другарите“ од ВМРО трупаат тендери и добиваат пари.

Над 2 милиони евра, пари на граѓаните.

Кој сето ова го обезбедил и кој стои во позадина?

Одговорот води до врвот на ВМРО и Владата на Мицкоски – актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев.

Познато е дека уште во 2017 година како директор на ЈСП Скопје потпишува деструктивен десетгодишен договор со фирмата „Маратон“ на неговиот близок пријател Љупчо Костовски.

Јанушев свесно го укина маркетинг секторот на ЈСП Скопје за претпријатието, наместо самостојно да го продава својот рекламен простор да се вклучи „Маратон“.

Сега пред истекот на овие 10 години, власта ги храни своите фирми пред повторно да им го продолжат договорот за нови 10, 15 или повеќе години, ќе видиме.

Ова е класичен пример како парите на граѓаните се испупуваат и завршуваат во џебовите на луѓе блиски до ВМРО.

Почитувани,

Антикоруцпскиот тим досега има откриено скандали тешки 150 милиони евра а ниту обвинителството, ниту останатите институции нешто преземаат. Сите молчат.

Нашата порака е јасна: одговорносѕт ќе има. Кога државата ќе им припадне на граѓаните повторно, одговорност ќе има за секој украден денар! Сите ќе одговараат.

Доаѓа времето на правдата и одговорноста.

 

АКТ објави нова бомба: ЈСП тоне во долгови и нема пари а за „Маратон“ блиска до власта има над 1,5 милиони евра

 

Додека ЈСП Скопје тоне во долгови, нема средства за плати, нафта и резервни делови, фирми блиски до власта на ВМРО добиваат милионски договори од државни институции, објави денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ на прес конференција.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, посочи дека фирмата „Маратон гроуп“, по доаѓањето на ВМРО на власт, добила над 1,5 милиони евра народни пари.

„Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во долгови, не можат да исплатат плати, јавниот превоз е катастрофа, цветаат бизнисите на ‘Маратон гроуп’, блиска до власта“, рече Фрчкоски.

Тој нагласи дека договорите се склучени со Државна лотарија и Државна видеолотарија, за надворешно и внатрешно рекламирање на автобусите на ЈСП Скопје.

„Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1,5 милиони евра народни пари. За само две години“, истакна Фрчкоски.

Скандалозно е што додека граѓаните се соочуваат со нефункционален јавен превоз, власта обезбедува милионски договори за приватна фирма.

„Нема нови еколошки автобуси за скопјани, ама има 1,5 милион евра за омилените фирми блиски до власта. ЈСП тоне и нема пари за нафта, резервни делови и плати, ама за приватната фирма ‘Маратон’ со само 11 вработени има пари. Само на скопјани нема кој ништо да им обезбеди и нема кој да им плати“, рече Фрчкоски.

 

АКТ СДСМ: Трагата за милионските договори на „Маратон“ води до Игор Јанушев

Трагата за милионските договори на „Маратон“ и можностите кои ги носи води до врвот на ВМРО и до актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев, објави денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, соопшти дека цветаат бизнисите на „Маратон гроуп“ блиска до влста.

„Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1.5 милиони евра народни пари! За само две години.  АКТ откри дека и бизнис партнерите на сопственикот на ‘Маратон’, Љупчо Костовски, исто така добиваат тендери и илјадници евра народни пари од оваа власт“, рече Фрчкоски.

Тој посочи дека станува збор за поврзана мрежа од фирми.

„Погодувате, шемата е иста, мрежа на фирми кои се меѓусебно поврзани. Поранешниот соосновач во фирма со Костовски, Ристо Петков, е сопственик на компанијата „С.И.А. МЕДИА ДООЕЛ Скопје“, која со доаѓањето на ВМРО на власт склучила договори вредни 458.875 евра. ‘Другарите’ од ВМРО трупаат тендери и добиваат пари. Над 2 милиони евра, пари на граѓаните“, рече Фрчкоски.

Одговорите за трагите на овие можности водат директно до Игор Јанушев.

„Одговорот води до врвот на ВМРО и Владата на Мицкоски – актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев“, истакна Фрчкоски.

Тој потсети дека Јанушев, како директор на ЈСП Скопје во 2017 година, потпишал десетгодишен договор со фирмата „Маратон“, во сопственост на неговиот близок пријател Љупчо Костовски.

„Познато е дека уште во 2017 година, како директор на ЈСП Скопје, потпишува деструктивен десетгодишен договор со фирмата ‘Маратон’ на неговиот близок пријател Љупчо Костовски. Јанушев свесно го укина маркетинг секторот на ЈСП Скопје за претпријатието, наместо самостојно да го продава својот рекламен простор, да се вклучи ‘Маратон’“, нагласи Фрчкоски.

Пред истекот на договорот, власта повторно ги полни фирмите блиски до ВМРО со јавни пари.

„Сега, пред истекот на овие 10 години, власта ги храни своите фирми пред повторно да им го продолжат договорот за нови 10, 15 или повеќе години, ќе видиме. Ова е класичен пример како парите на граѓаните се испумпуваат и завршуваат во џебовите на луѓе блиски до ВМРО“, заклучи Фрчкоски.

Антикорупцискиот тим на СДСМ порача дека одговорност ќе има за секој незаконски потрошен денар од парите на граѓаните.

„Антикоруцпскиот тим досега има откриено скандали тешки 150 милиони евра а ниту обвинителството, ниту останатите институции нешто преземаат. Сите молчат. Нашата порака е јасна: одговорносѕт ќе има. Кога државата ќе им припадне на граѓаните повторно, одговорност ќе има за секој украден денар! Сите ќе одговараат. Доаѓа времето на правдата и одговорноста.“ рече Фрчкоски.

Фото: СДСМ

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=eHqP19daQpI