Владата денеска на седница, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“, информираат од владината прес-служба.