Откажан е вечерашниот концерт на Џос Стоун којшто требаше да се одржи на стадионот на АРМ во Скопје, поради штетите што ги предизвика попладневното невреме, соопштија од Авалон.

-Невремето предизвика оштетување на комплетната продукциска опрема, како и на просторот предвиден за одржување на вечерашниот концерт на Joss Stone, велат од Авалон.

По извршената проценка на состојбата, наведуваат од Авалон, беше констатирано дека не постојат никакви услови салата и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила дури и минимални услови за безбедна реализација на концертот.

-Дополнително, добивме информации дека постои можност помеѓу 21:00 и 22:30 часот повторно да има невреме и поради тоа, од безбедносни причини, не постојат никакви услови концертот да се одржи, додаваат од Авалон.

Сите информации околу повратот на средствата, наведуваат оттаму, ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.