Кога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДС, ДУИ и Таравари молчат, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, што МИА ја пренесува интергрално.
Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани.
Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога се работи за политички противници. Кога се работи за нивните кадри, тогаш следуваат молк, оправдувања и заштита.
Дали Валбон Лимани има политичка заштита од СДС, ДУИ и Таравари? Или за нив е поважно да го заштитат својот кандидат отколку да им објаснат на граѓаните како дојде до скандалот со водата?
Граѓаните заслужуваат одговорност, а не молк. СДС, ДУИ и Таравари должат одговор дали стојат зад ставот на Валбон Лимани, дека никој не треба да понесе одговорност за она што му се случи на Гостивар.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=pki3Mrr-Ghc
https://www.swisstransfer.com/d/71dac1b9-431c-44ef-8817-cb3d0a1b2460




