Според информациите на шпанската емисија „Ел Чирингито“, Атлетико Мадрид и Арсенал веќе постигнале договор за евентуален трансфер на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез.
Лпндонскиот клуб е подготвен да плати 50 милиони евра, а во зделката да го вклучи и шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш.
Алварез очекува Атлетико Мадрид да го исполни претходно даденото ветување поврзано со неговата иднина, па токму тоа е причината поради која, и покрај договорот меѓу клубовите, трансферот сè уште не е финализиран.




