Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево испрати дополнителни сили за справување со големиот пожар над селото Копаница, во Општина Сарај.

​​​​​​​За поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, во акцијата се ангажирани два противпожарни авиони „Air Tractor“, кои интервенираат од воздух, како и две специјализирани теренски возила „Пинцгауер“, наменети за гаснење пожари на непристапен терен.

 

ДЗС

Пожарникарите и тимовите на ДЗС, велат оттаму, координирано работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото ширење кон околните населени места.