Јованка КЕПЕСКА
Во јавноста се познати формалните претпоставки кои се поставувени во Преговарачката рамка, Заклучоците од Европската комисија, Протоколите за остварување на Преговарачката рамка како и претходно постигнатиот Договор за пријателство со Република Бугарија за отпочнувањето на преговорите за нашиот влез во ЕУ. Со поставените барања во овие акти се создаваат и определени односи помеѓу Македонија и Бугарија покрај односите кои се воспоставуваат врз уставната поставеност на правата на малцинствата во Македонија.
Со европското прифаќање на додадените барања од Бугарија според овие акти, и надвор од Договорот за пријателство меѓу двете земји, се нарушуваат идентитетските определби на македонскиот народ и навлегуваат во прашањата од суверенитетот на нашата држава. Оттаму би се очекувало најпрво на правни постапки во наша одбрана како наш правен одговор, и по сите точки од поставените барања. И дотолку повеќе што за нашиот правен пристап постојат основи во самите правни акти на ЕУ. Поради што процесот би бил и легитимен. Како што постои и можноста за откажување (ништење) од наше пристапување кон одделните акти во процесот, кон Договорот за пријателство со Бугарија, протоколите, или извештаите, за остварувањето на Правната рамка за нашиот пристап во ЕУ.
Се чини, сепак, како за пристап кој ги опфаќа релевантните претпоставки за да се надмине неповолната позиција во која е ставена нашата земја, нашата политика се определува за издејствување на став: ЕУ да се заземе да се изземат идентитетските прашања на нашата нација и билатералните прашања на нашата земја во Преговарачката рамка. Имајќи цел пристапот да добие нормален тек базиран врз исполнувањето на Копенхашките критериуми и постигнатиот напредок на земјата со оглед постигнатите реформи.
Тактички, на политички начин, раководство на нашата земја, наместо со правен одговор, ја применува можноста, толкувајќи ги одново протоколите, од бројните поставени прашања што треба да се реализираат, да се одвојат прашањата од идентитетска природа, кои претставуваат нарушување на идентитетските одредници на македонскиот народ, влезени како билатерални прашања, во Преговарачката рамка за влез во ЕУ.
Интенциите се да се отстранат идентитетските прашања и сведување на билатералните односи како услов за пристап во ЕУ во Преговарачката рамка.
Политиката има свој терен на дејствување и донесување на тактички одлуки. Јасно е дека постои објективната ситуација во односите внатре во ЕУ, востановени од политички причини, преку интересни односи и со оглед на претставената свест со бугарски пристап. Така, иако се препознаени точките на дејствување, познавајќи ја одблизу ситуацијата можно е да се прилагоди различен редослед на постапките и нивниот променет интензитет во остварувањето на активностите. Иако очекувањата тие на крајот да се остварливи.
Втората линија во настојувањето за изгласување на уставните измени со цел да се внесат Бугарите како конститутивен народ, во Преамбулата, која опстојува од бугарска страна, се однесува на идејниот учинок кој, притоа, може да се постигне. Се инсистира на уставните измени како услов за отпочнување на нашите преговори со ЕУ. И не дека правата на малцинствата, оттаму и на Бугарите, не се еднакво признаени веќе и досега. Ваквото инсистирање од званичната бугарска политика има претензија за додатно идејно влијание во Македонија откога ќе се постигне институционалионализирањето на малцинските права, за да се прошири со учество во одлуките во политиката, во културата и во образованието.
Поставените барања за ширењето на влијанието во македонското општество можат да се видат и во наведените барања во протоколите што чие остварување би подлегнало на годишни контроли со извештаи за нивното остварување преку комисија од министрите за надворешни работи, поднесени до државните инстанци. Во нив се очекува оценка на различните облици на пишаниот збор во јавни написи, учебници и искази во медиумскиот простор, ормално предочени против дискурсот на омраза. Како нешто што навлегува очигледно во нашиот државен суверенитет и бара наш општествен одговор и постапка.
Како што на идејното влијание од бугарска страна мора да се спротивстави со силна научна спротивставеност, јавна критика и на крајот, ако е потребно, и со законски мерки како општествен напор.
И на крајот, бидејќи бугарските барања за да се поместат во Преговарачката рамка се постигнаа преку политички контакти и активности од страна на бугарската званична политика, треба да се очекува, иако таа и дејствува, со засилени напори од нашата надворешна политичка активност да се одбрани позицијата на Македонија и да се ослободи од состојбата во која се наоѓа.




