Во Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија негативните појави продолжуваат. Наместо да се насочи кон решавање на укажаните проблеми претседателката Станка Трајкова создава нови поделби меѓу зруженијата и пензионерите, продолжува со нерационално трошење на пензионерски пари од членарината и воведува уште поголема противзаконска цензура во весникот „Пензионер плус“. Очигледен пример за тоа е забраната да се објави не само моето реагирање за изнесените дезинформации во предходниот број, туку и соопштението од Здружението на пензионери од Тетово и демантот од Здужението на пензионери Кисела Вода. Тоа е спротитвно на уставните и законските прописи во информативната дејност и е знак на недозволената приватизација на весникот за свои лични интереси и цели. Предходен пример за тоа беше и објавениот текст од заедничката седница на Статутарната комисија и на Правно-Економскиот форум „Реакција во интетрес на вистината“.
Жално е што се потрошени пензионерски пари за одржување на заедничка седница на две нелигитимни, ненадлежни тела за информативна проблематика, кои без соодветна правна и статутарна заснованост, јавно реагираа на колумна што не е објавена во пензионерскиот весник, туку на портал „Курир“ и на Фејзбук. Со тоа почитуваните читатели на весникот еднострано беа информирани за ставовите од спомнатата седница без да знаат на што и како сум реагирал. За точно, навремено и објективно информирање требаше на истата страница на весникот да се објави и мојата колумна. Со други зборови објавената реакција претставува типична организирана институционална одбрана против слободата на мислење, со недозволени дискредитации, навреди, измислици и манипулативни политики. Манипулации и дезинформации не се во интерес на вистината, туку се далеку од неа. Всушност се добива впечаток дека не е разбрана мојата добра намера проблемите благовремено да се решаваат во интерес на пензионерската популација, бидејќи поделбите сѐ повеќе стануваат загрижувачки. Илузорно е да се објаснува дека пораката „очекуваниот земјотрес“ не е само новинарска метафора, туку симбиоза на проблемот со недозволени поделби во СЗПМ на подобни и неподобни. Исто така, со претераните пофалби за претседателката, се добива впечаток дека таа е безгрешна, а такви луѓе не потојат! На овој начин не се помага ниту на неа, ниту на Сојузот.
Но, далеку од вистината е дека колумната била напишана како резултат на моментална лична лутина, гнев и повреденост, туку таа е резултат на разочарување од состојбите во Сојузот на кој му посакувам само успеси во интерес на сите пензионери. Познато е дека претседтелката и поголемиот број на членовите на Правно економскиот форум се кадри што јас сум ги вклучил во работата на сојузот поради нивната стручност и компетентност. Но не сум препознал дека нив ги „красат“ и други особини. Ако расудувањата на почитуваните „бранители“ на претседателката беа објективни, требаше најпрвин да реагираат поради што не бев поканет на јубилејната прослава, но и зошто многу видни и способни активисти седум години тајно се прогласени за неподобни. Со тоа ќе се осознаеше дека не е случајно што свеченото одбележување на 80 години од пензионерско организирање во Македонија мина со видливи и недозволени пропусти. Еден од тие пропусти е и тоа што во рефератот претседателката не најде за сходно да се заблагодари по име и презиме на сите досегашни претседатели на Сојузот, а мојот придонес во пензионерското организирање и Сојузот го спомна само во информирањето и новинарството, како да е прослава на новинарска организација! Тоа е сериоза навреда на генерциите што приднеле за рзвојот н пензионеркото организирње во Македонија. Сепак „благодарам“ што во весникот по цели седум години е симната забраната за спомнувањето на моето име. Факт е дека во овој период, без никакви причини, како поранешен претседател не бев удостоен ниту со куртоазни покани за присуство на ниеден јубилеј организиран од Сојузот, што е далеку од европската практика за негување на историјата и човечноста. Патем, тоа се случи уште во првата година на нејзиниот мандат во 2019 година кога се одржа Републичката ревија на песни, музика и игри. Недоличноста продолжи и во 2021 година со недобивање покана за свечена седница на СЗПМ во чест на 75 годишнина на пензионерското организирање, на која присуствуваа голем број гости од земјата и странство. Истата година пак исто „заборави“ да ме покани на 25-тите јубилејни Републички пензионерски спортски натпревари. Најчудно беше што во 2023 гоидина не бев поканет на одбележувњето на 15 годишнината од излегувањето на весникот „Пензионер плус“ создаден и успешно развиван по мој проект и со целосна заложба на предходното раководство на Сојузот. Минатата година изостана и покана за одбележувањето на 200-ти број на „Пензионер плус“. Како весникот и јубилеите да се нејзина приватна сопственост. Во овој период имаше промоции н на моите четири нови публицистички книги со пензионерска проблематика, за што во весникот немаше ниту збор.
Сето ова се непобитни факти за крајна неблагодарност на самобендисаната, суетна и бесмилосна актуелна претседателка Станка Трајкова, која најчесто ги преувеличува своите резултати во работата, а минимизира сѐ што е постигнато во претходните децении. Тоа го потврдува и самото игнорирање во рефератот за јубилејот кога не го спомна досега највисокото признание на Сојузот „Повелба на Републиката“ добиено 2016 година. Вистина која создава бол во душата и разочараност кај секој добронамерен член на Сојузот.
Што се однесува за отчетната седница на Собранието на СЗПМ, нема потреба за нови објаснувања. Пред сѐ во колумната не се ни тврди дека немало кворум, но самиот факт дека набрзина биле усвоени сите важни документи без забелешки, ги потврдува сомневањата поради што вака значајна годишна седница се одржува во сала со мал капацитет. Поради тоа за седницата не биле поканети одреден број членови на Собранието, Надзорниот одбор, медиумите и претседатели на најбројните здруженија на пензионери, кои досега традиционално се покануваа. Затоа контраверзно и деструктивно е тврдењето дека седницата на Собранието работела во нормални услови.
Уште нешто што не треба да се премолчи. Познато е дека претседателката Станка Трајкова, жител на Општинан Кисела Вода, откако не добила поддршка од матичното здружение, коруптивно станала делегат од друго здружение, со лажно претставување дека е жител на таа скопска општина. Веројатно со такви матни задкулисни игри се подготвува и за трет мандат. Таа со добар месечен надоместок неколку години е и член на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, спротивно на закоконската одредба за судир на интереси, бидејќи керка и е вработена во оваа државна иституција. И не само тоа. Керка и подолго време ја форсира како соработник на весникот „ Пензионер плус“ со постојан месечен хонорар. Голем број пензионери на претседателката и забележуваат и за нови поделби во Сојузот, но и за нетранспаретно трошење пензионерски пари од членарината за нефункционални патувања во земјата и странство. Тоа се случи и на овогодишната Републичка ревија на песни, музика и игри. Во организација на Сојузот оваа масовна пензионерска манифестација беше закажана да се одржи на 3 јуни во Тетово. По интезивни подготовки и создадени неповратни трошоци на средства, одржани подготвителни состаноци на кои присуствувала претседателката со својот тим, во последен момент. без официјално образложение, одржувањето на ревијата беше презакажано за 10 јуни во Валандово. За тоа здруженијата биле известени само телефонски, што предизвикало нервози и нови разидувања. Дури и традиционлното заедничко дружења на учесниците на ревијата се одржало во две спротиставени групи во Дојран и Гевгелија. Но членовите на ЗП Тетово, си заминале дома, револтирани за непочитуавње на договореното и за еднострано и арбитрирано одлучување од страна на претседателката на СЗПМ. Во нивното соопштение се истакнува дека голем број зруженија, членки на СЗПМ, им дале целосна поддршка. Со вакви поделби наивно е да се очекува некакво подобрувње на состојбата во Сојузот. како најголема невладина, мултинационална граѓанска асоцијација во Македонија.Чест и задоволство е да се биде прв човек на пензнзионскиот сојуз со околу 300.000 членови, но за успех не е потребно само образование, туку и способности за хомогеност, солидарност и одговорност, човечност и чесност, самокритичност и соработка со сите пензионери без поделби и лични интереси. Пензионерските поделби немаат крај: на подобни и неподобни, на линеаристи и процентуалисти, на ваши и наши, на минималци и максималци, на задоволни и незадоволни, послушни и непослушни и слично…
Секако, сете овие разединувања би требало што побрзо да се надминат и да се создаде потребна кохезија за реално согледување и решавање на пензионерските проблеми, за квалитетен и достоинствен живот и подобар стандард. Само така можеме да бидеме добар пример за помладите генерации.
Пишува: Драги Аргировски, новинар, публицист, поранешен претседател на СЗПМ




