Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.
Во изминатите 24 часа до 08 часот изутринава најмногу дожд наврнал во Претор, 26 литри на метар квадратен, по што следуваат Битола, Струмица и Попова Шапка, 7, Охрид, Маврови Анови и Пожаране, 6, Крива Паланка, 5, Скопје-Петровец и Крушево, 4, Прилеп, 2, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Берово, 1 литар – покажуваат мерењата на Управата за хидрометероролошки работи (УХМР)
Фото: архива




