Денес сме тука да зборуваме за сериозен неуспех на оваа Влада – губењето на 60,77 милиони евра грант од Европската Унија, неповратни средства наменети за изградба на третата делница од Железничкиот коридор 8 кон Бугарија. Ова не се само пари. Ова е изгубена историска можност за економски развој на државата, за модернизација на инфраструктурата и за зајакнување на нашето поврзување со Европа, пишува во денешното соопштение на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.
Според официјалните документи доставени од самата Влада до Собранието, овие ИПА средства веќе не се достапни, бидејќи тендерот објавен во 2024 година е поништен, а договорот за изградба на третата делница од железницата не е склучен во определениот рок.
Значи, губењето на 60,77 милиони евра не е политичко тврдење. Тоа е последица документирана во официјалните акти на институциите.
Граѓаните треба да знаат дека на крајот на 2023 година, кога ДУИ беше дел од власта, беше обезбеден најголемиот финансиски пакет за овој проект, во вредност од околу 560 милиони евра:
• 175 милиони евра кредит од Европската инвестициска банка;
• 175 милиони евра кредит од ЕБОР;
• 149 милиони евра грант од WBIF;
• 60,77 милиони евра ИПА грант од Европската Унија.
Ова беше резултат на довербата на европските партнери и на работата за поставување на Коридорот 8 како стратешки приоритет на државата.
ДУИ навремено предупреди дека оваа Влада нема да го третира Коридорот 8 како приоритет. Кажавме дека одложувањето на проектот и промената на приоритетите ќе донесат последици. Денес, за жал, граѓаните се соочуваат со резултатот – губење на европски средства.
Коридорот 8 не е само инфраструктурен проект. Тој е паневропски коридор, дел од стратешката транспортна мрежа на Европската Унија и има особено значење за НАТО. Го поврзува Јадранското со Црното Море, ја зајакнува регионалната безбедност и создава нови економски можности за нашата држава.
Поради тоа, ДУИ смета дека постапките и непостапувањето на оваа Влада создаваат сериозни сомнежи за нејзиниот однос кон стратешките евроатлантски проекти. Одложувањето на Коридорот 8 и губењето на европските средства создаваат впечаток дека проектите од значење за НАТО и Европската Унија се ставаат во втор план.
Денес бараме јасни одговори:
Кој ќе понесе одговорност за губењето на 60,77 милиони евра?
Зошто не беа исполнети роковите за реализација на проектот?
Дали сега граѓаните ќе треба од државниот буџет да го покриваат она што Европската Унија беше подготвена да го финансира како грант?
ДУИ ќе продолжи да ја брани евроатлантската ориентација на државата и реализацијата на Коридорот 8, бидејќи овој проект не е сопственост на ниту една политичка партија. Тој е стратешки интерес на државата и на граѓаните.
Ние го обезбедивме финансирањето. Ние го поставивме Коридорот 8 на европската агенда. Денес бараме одговорност за губењето на една историска можност.
Демократска унија за интеграција
Фото: Архива




