Општина Чаир продолжува со реализација на инфраструктурните инвестиции во населбата Саат Кула, каде што интензивно се изведуваат работи за реконструкција на подземната инфраструктура, како дел од проектот за модернизација на комуналната мрежа и подобрување на условите за живот на жителите.

Увид во текот на работите изврши претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заедно со надлежните служби, при што беше констатирано дека проектот влегува во својата завршна фаза.

По завршувањето на подземната инфраструктура, наскоро ќе започне и асфалтирањето на улицата, со што целосно ќе се заокружи инвестицијата и ќе се обезбеди модерна и функционална инфраструктура за жителите на овој дел од Чаир.

Општина Чаир останува посветена на реализација на развојни проекти што придонесуваат за модернизација на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на животот во секое маало.