Деветгодишно девојче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од патничко возило на регионалниот пат Куманово–Скопје.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила вчера во 15:53 часот. Во девојчето удрил автомобил „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот Б.А., исто така од Куманово.

Повреденото дете било пренесено во Општата болница во Куманово, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово. Надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.