Џеј Клејтон денеска положи заклетва како нов директор на американското Национално разузнавање, што надгледува 18 американски разузнавачки агенции.

Тој ја презема функцијата по оставката во мај на поранешната директорка на националното разузнавање, Тулси Габард. Нејзиниот мандат е обележан со конфликти со демократите во Конгресот. Опозицијата ја обвини дека ја поддржува политичката агенда на американскиот претседател Доналд Трамп и шири неосновани тврдења за изборите.

Клејтон претходно беше американски обвинител за Јужниот округ на Њујорк.

Републиканците во Сенатот минатата недела ја одобрија неговата номинација да раководи со разузнавачката заедница и покрај противењето на демократите.