Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Северна Македонија, Сатибалди Буршаков, кој престојува во прва официјална посета на Охрид.
На средбата амбасадорот Буршаков го изразил своето воодушевување од природните и историските убавини на Охрид, како и од богатата културна понуда што градот ја нуди во летниот период.
Во рамки на разговорите било најавено отворање на Почесен конзулат на Казахстан во Охрид. Двете страни го поздравиле и тековниот процес за потпишување на билатерален договор за соработка во областа на туризмот меѓу Северна Македонија и Казахстан, со кој дополнително би се унапредиле врските меѓу двете земји.
Казахстан е деветта по големина земја во светот, со богато историско наследство, пространи степски предели и динамичен современ развој.




