Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) од четврток до 15 август ќе биде организатор на кадетското Европско првенство од Б дивизијата.
Во изминатите години КФСМ беше домаќин на повеќе младински европски првенства, а со организацијата на претстојниот У16 Евробаскет, како што е соопштено, уште еднаш ја потврдува својата позиција на сигурен и доверлив партнер на европската кошаркарска федерација.
Домаќини на шампионатот ќе бидат Скопје и Гевгелија.
Натпреварите во Скопје ќе се играат во „Т Арена“, а во Гевгелија во спортските сали спортските сали „НБ Ноел“ и „26 Април“.
„Со организацијата на ова Европско првенство, Кошаркарската федерација на Македонија продолжува да ја реализира својата стратешка определба преку успешно домаќинство на големи меѓународни натпреварувања да придонесува кон развојот и афирмацијата на македонската кошарка, но и кон промоцијата на државата како препознатлива спортска дестинација во Европа“, соопшти КФСМ.




