Коалиција од латиноамерикански земји, кон која се придружиле САД во брзото признавање на лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, како „в.д. претседател на Венецуела”, формирана е пред неколку недели со тајна дипломатија. Таа вклучувала тајно предавани пораки на венецуелски активисти под постојана проверка и тајна посета на Хуан Гуаидо во странство, јавија американски медиуми кои се повикуваат на изјави на учесници во разговорите.

Во средината на минатиот месец лидерот на опозицијата во Венецуела тајно ги посетил Вашингтон, Колумбија и Бразил. Тој ги запознал претставниците на релевантните власти со опозициската стратегија на Венецуела за организирање масовни демонстрации кои ќе се совпаднат со заклетвата на претседателот Николас Мадуро за втор мандат на 10 јануари, рече поранешниот екс-градоначалник на Каракас кој живее во егзил, Антонио Лидема, сојузник на Хуан Гуаидо.

За да излезе од Венецуела, лидерот на опозицијата ја минал тајно границата со Колумбија.

Постигнувањето консензус во редовите на фрагментираната опозициска коалиција се покажало како многу тешка задача.

За првпат во најмалку пет години, венецуелската опозиција покажа дека е способна да обедини една значајна иницијатива, изјави висок канадски официјален претставник, кој сакал да остане анонимен.

Клучната улога зад сцената ја одиграла Канада, чија министерка за надворешни работи, Кристијана Фрејленд, разговарала со Гуаидо ноќта пред да положи заклетва на Мадуро, нагласил канадски извор.

Исто така активни биле Колумбија, во која има над 2 милиони мигранти избегани од економскиот хаос во соседните Венецуела, потоа Перу и екстремно десничарскиот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро.