Американскиот државен секретар Мајк Помпео го именува Елиот Ејбрамс за пратеник за „повторно воспоставување демократија“ во Венецуела.

САД го признаа самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо за преоден претседател на Венецуела.

Поранешниот дипломат Ејбрамс служел во времето на републиканските претседатели Роналд Реган и Џорџ Буш помладиот.

Ејбрамс изјави пред новинарите дека кризата во Венецуела е „длабока, комплесна и опасна“.

САД, Канада и повеќе латиноамерикански земји го поддржаа Гуаидо, но претседателот Николас Мадуро не покажува спремност да се откаже од власта и наведува дека е легитимен и демократски избран за претседател.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Венецуела, а на состанокот ќе биде и американскиот шеф на дипломатијата, Помпео.

Тој ќе учествува лично на состанокот на СБ на ОН за да ја повика меѓународната заедница да го принае Гуаидо за уставно преоден претседател, соопшти Стејт департментот.

Мадуро најави дека министерот за надворешни работи Хорхе Ареаза денеска оди во Њујорк на состанокот на СБ на ОН.