Денеска официјално завршува семејното летување и екскурзијата на Мицкоски во Бриж. Многумина се прашуваат зошто Мицкоски одбра да летува токму во Брисел – административен центар на Европската Комисија, без плажа и без особена туристичка содржина, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Тој ги повика сите граѓани да останат во Македонија, да летуваат по планини и езера, да не се мачат со часови чекање на граница на жега.

А самиот го избра Брисел.

Од денеска Мицкоски се преселува во Брисел – на стручниот, „француски“ дел од патувањето.

Заврши одморот со семејството. Почнува учењето.

Со нетрпение чекаме да слушнеме што точно научил за францускиот предлог.

Дали конечно сфатил дека францускиот предлог е добар?

Тимчо Муцунски веќе му рече дека протоколите не се дел од преговарачката рамка.

Сега, изгледа, сака да научи уште нешто.

Главното прашање останува: како ќе им објасни на своите гласачи?

Дали ќе ја продолжи „патриотската“ приказна или конечно ќе признае дека лажел?

Патриотската приказна повеќе не држи.

Самиот призна дека се „промакедонска“ партија – затоа што со бугарски пасоши и фирми не можат да бидат македонска.

Останува само приказната за „талогот“.

Само што граѓаните веќе препознаа на кого се мисли.

Други резултати нема. Нема ниту да има.

Пари нема. Ќе има проблем со исплата на пензиите и платите.

Мора нешто да смисли.

Една од идеите веројатно повторно пристигнува од Вучиќ – кампања „ние“ и „тие“.

Уште една поделба. Уште сеење омраза.

Од една страна: тендер-патриоти, организирана криминална група ВМРО со бугарски пасоши и украдени народни пари.

Од друга страна: народ желен за вистина, правда, демократија и Европа – како што вели Мицкоски, „талог“.

Се надеваме дека на седиштето 11D имало доволно простор за колената.

Многу клечеше. Многу лажеше. Логично е што го болат.

Ќе му требаат уште тие колена – ќе мора повторно многу да клечи и да моли, затоа што веќе никој не му верува.

Ќе почекаме уште четири дена.

Да видиме низ каква катарза ќе помине Мицкоски овој пат.

После „феноменалниот“ НАТО, после „ремек-делото“ Преспански договор,после тврдењето дека протоколите не се дел од рамката, после тврдењето дека јазикот, културата и националниот идентитет се апсолвирани – сега доаѓа редот на францускиот предлог.

Само да не се случи истото како и досега: да научи една работа во Брисел, а дома да продолжи да им продава сосема друга – по рецепт на Вучиќ.

Покрај Орбановите медиуми, пристигнуваат и српските, односно Вучиќевите.

Нешто се подготвува. Можеби парите веќе недостигаат.

Екскурзијата продолжува.

Ние трпеливо чекаме извештај.

Уште четири дена.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ