Шпанскиот репрезентативец од редовите на Арсенал, Мартин Зубименди би можел да замине од редовите на шампионот на Премиер лигата. За негов ангажман се заинтересирани Реал Мадрид и Челзи.

Зубименди во Арсенал дојде пред една година, но од клубот се подготвени за продажба. Тие во овој преоден рок го договорија Бруно Гимараеш од Њукасл и во тој случај Зубименди би бил „прекуброен“.

Во Арсенал немаат ништо против продажба на играчот, а според британските медиуми цената изнесува 90 милиони евра. Зубименди во Лондон дојде од Реал Сосиедад за сума од околу 70 милиони евра.

Тој во Арсенал во текот на ланската сезона одигра 57 натпревари, постигна шест голови, а со Шпанија летово ја освои титулата светски првак.