Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак (ниска вегетација), информира ЦУК.
Како што додава ЦУК, под контрола се пожарите – во Општина Крива Паланка – на излез од Крива Паланка (депонија); Општина Делчево – градска депонија (депонија), а изгаснати се пожарите во Општина Новаци – на патот пред РЕК Битола (ниска вегетација); Општина Велес – м.в. Кулата (нискостеблеста поретка шума и сува трева).
Фото: архива




