Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, и над село Моране во Општина Сруденичани каде што е зафатена мешана шума.

Пожари под контрола се пожарите на градската депонија во Делчево и на планината Огражеден во Општина Ново Село.

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село, кој избувнал вчера околу 13:30 часот, се прошири во шумскиот појас и заради силниот ветер, високите температури и големата количина сув материјал во гаснењето се вклучиле три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарникари на ТППЕ Струмица и доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“ од Ново Село, ЈКП „Комуна“, вработени во општината и една општествено одговорна компанија која со камиони кипери носела земја.

Фото: Архива