Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.
Според прогнозата на УХМР утре и задутре наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Фото: архива




