Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и проектен менаџер од УНОПС Калинка Габер.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа, на средбата која се одржала во конструктивна атмосфера, било разговарано за актуелните и идните проекти, како и за можностите за унапредување на соработката во насока на поддршка на општините, поттикнување на меѓуопштинската соработка и создавање услови за порамномерен развој на регионите.

– Во фокусот на разговорот беа проектите што се имплементираат преку УНДП, во партнерство со Министерството за локална самоуправа, со посебен осврт на „Зајакнување на општинските совети“ и „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“. Соговорниците разменија мислења и за идните планови и активности, со посебен акцент на иницијативите што можат да придонесат кон зајакнување на локалните капацитети, подобрување на условите за развој и реализација на проекти од непосреден интерес за граѓаните – се посочува во соопштението.

На средбата беше оценето дека постои значаен простор за понатамошно продлабочување на соработката и конкретизирање на идните активности, со цел создавање дополнителни можности за развој на општините и унапредување на услугите и условите за живот на локално ниво.

Во таа насока, била потврдена заедничката определба за продолжување на партнерството и развивање на конкретни иницијативи насочени кон зајакнување на локалната самоуправа и поддршка на локалните заедници.