На 19.08.2026 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Ш.Б.(62), С.Х.(41) и Р.Ѓ.(44), сите од Тетово.
Полициски службеници забележале како Ш.Б. се обидува да предаде бела прашкаста материја на С.Х. и Р.Ѓ., кои биле со патничко возило „сеат ибица“ и при обид да биде спречен, нападнал полициски службеник и се обидел да им го одземе службеното оружје.
Исто така и неговиот син С.Х. физички ги нападнал полициските службеници.
Возачот на возилото Р.Ѓ. побегнал од местото, но подоцна е пронајден и лишен од слобода, а возилото е одземено.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.




