Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи денеска го одбележа 25 годишниот јубилеј од формирање.

На централната манифестација која се одржа во Битола се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР, Стојанче Николов. Во рамки на одбележувањето беше изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ги презентираа своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи Единицата за брзо распоредување.

По повод јубилејот беа доделени благодарници и плакети. За најдобар припадник на ЕБР во изминатата година беше прогласен Драган Атанасов, кој доби благодарница за постигнатите резултати. Плакета му беше врачена и на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Плакети за придонес во поддршката и унапредувањето на проектите на ЕБР добија и Ристо Ставревски, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи, Ѓорѓи Божинов, шеф на кабинет на директорот на Бирото за јавна безбедност, и Васко Наумовски, началник на Одделот за специјални полициски операции. Вкупно 33 припадници на единицата добија плакети за 25 години дел од ЕБР.

МВР

МВР
МВР
МВР