Поранешниот премиер, Димитар Ковачевски-Таче со саркастична објава на Фејсбук ја искоментира одлуката на Советот на општина Пехчево против изградбата на дата-центар.

-Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај…… што би правеле денес со вишокот вода, напиша Ковачевски.

Ваквата саркастична порака од страна на поранешниот премиер и акуелен пратеник од редовите на СДСМ доаѓа, откако вчера Советот на општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот.

Сите 9 советници гласале едногласно, против ваквата иницјатива. А Ковачевски, кој во својот мандат остана запаметен со духовитата порака до неговата колешка Славјанка Петровска, тогашна министерка, како лидер на партијата и порача: Стани Цаци да те види сала.